Услови за користење

Општи услови за користење на интернет страниците на www.srekja.mk

1. Дефинирање

Сајтот Srekja.mk нуди интерактивна online услуга преку интернет страната на доменот www.srekja.mk, со која управува СРЕЌА KOM ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст кога се спомнуваат заедно – Srekja.mk) на World Wide Web мрежата (во понатамошниот текст: – “Интернет“). Услугата се состои од давање на информациски услуги, управување со содржината, како и спроведување на финансиски трансакции. Наведените услуги заеднички ги даваат СРЕЌА KOM, поврзани друштва и трети лица.

Под поимот “Интернет страници“ во овие Услови за користење се подразбираат сите интернет страници кои се наоѓаат во доменот www.srekja.mk. Со користењето на овие интернет страници изјавувате дека сте запознаени и согласни со тука изнесените услови за користење и правила. Доколку не се согласувате со тука наведените услови за користење и правила, Ве молиме да се воздржите од употребата на овие интернет страници.

2. Општо

Овие услови за користење ги пропишуваат условите и правилата кои се однесуваат на користењето на интернет страниците на www.srekja.mk од страна на крајните корисници. Со користењето на овие интернет страници (освен при првото читање на овие услови), крајните корисници изјавуваат дека се согласуваат со тука изнесените услови и правила и согласни се со користењето на интернет страниците на www.srekja.mk во согласност со нив. Правото на користење на овие интернет страници е лично право на Крајниот корисник и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките, на оние места каде што тие како такви постојат. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека иако интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите или до настани кои се надвор од контролата на друштвото СРЕЌА KOM. Според тоа, СРЕЌА не може да биде одговорен за било какво губење на податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на интернет. Иако целта на друштвото СРЕЌА KOM е овие интернет страници да ги направи достапни 24 часа дневно и тоа 7 дена во неделата, интернет страниците понекогаш можеби нема да бидат достапни од било која причина, вклучувајќи и нивно рутинско одржување. Пристапот на интернет страниците понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.

СРЕЌА го задржува правото во било кое време да измени или укине било кој сегмент од своето работење, вклучувајќи, но неограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страниците. Понатаму, СРЕЌА може да престане да испраќа било кој дел од информацијата или било кој вид на информација, може да промени или да укине било каков начин на пренос на податоци, да ја промени брзината на пренос на податоците, како и било која нивна друга карактеристика.

3. Измена на условите

СРЕЌА го задржува правото во било кое време и без претходно известување, доколку тоа го смета за потребно, да укине или да измени било кој од овдека наведените услови за користење и/или изјава за доверливост на податоците. Таквите измени, помеѓу другото, може да вклучуваат и воведување на определени надоместоци или наплата. Според тоа, ги советуваме корисниците повремено повторно да ги прочитаат информациите содржани во условите за користење и Изјавата за заштита на личните податоци, како би останале информирани за таквите измени. Напоменуваме дека доколку дојде до измена на Условите за користење на Изјавата за заштита на личните податоци и Вие продолжите да ги користите нашите интернет страници, се подразбира дека ги прифаќате Условите за користење и Изјавата за заштита на личните податоци кои се важечки во моментот. Било каква измена или бришење на условите и правилата на користење ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на страниците. Било какво користење на овие интернет страници од страна на Крајниот корисник по таквата објава ќе се подразбира како прифаќање на тие измени.

4. Опрема

Крајниот корисник е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер кој го поседува и кој го користи, како и друга опрема, која е потребна за пристап и користење на овие интернет страници, како и поврзаните трошоци со сето тоа. СРЕЌА не е одговорен за било какво оштетување на опремата на Крајниот корисник, која може да настане како последица од користењето на овие интернет страници.

5.  Однесување на Крајниот корисник

Овие интернет страници, како и било кои други страници, сега или подоцна содржани или на друг начин достапни по пат на надворешни линкови со интернет страниците на www.srekja.mk се приватна сопственост. Целокупната меѓусебна комуникациија и интеракција која се одвива преку овие интернет страници мора да биде во согласност со овие Услови за користење. Иако ја подржуваме и поттикнуваме комуникацијата и меѓусебната интеракција на корисниците преку интернет страниците на www.srekja.mk, бараме и очекуваме од сите корисници, сите нивни активности во врска со користењето на овие интернет страници да бидат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.

Крајните корисници не смеат преку овие интернет страници да објавуваат или пренесуваат било какви материјали кои ги загрозуваат или на било кој начин ги кршат правата на другите, било каков материјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички, кој ја нарушува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, расипан или на друг начин непожелен во одмерената комуникација, кој поттикнува на противправни активности или на друг начин крши било каков пропис и кој без изречно, претходно и писмено одобрение на друштвото СРЕЌА KOM, содржи огласување или понуда на било чии производи и услуги. Било какво однесување на Крајните корисници, кое по дискрециона оцена на друштвото СРЕЌА KOM го ограничува или оневозможува било кој друг Краен корисник во користењето или уживањето во овие интернет страници строго е забрането. Крајниот корисник не смее да ги користи овие интернет страници за огласување или изведување на било каква комерцијална, верска, политичка или некомерцијална пропаганда, вклучувајќи повикување на корисниците на овие интернет страници на тоа да станат членови на друга online или offline услуга, која представува директна или индиректна конкуренција или потенцијална конкуренција на друштвото СРЕЌА KOM.

6.  Интелектуална сопственост

Сите материјали кои се наоѓаат на www.srekja.mk интернет страниците се екслкузивно право на друштвото СРЕЌА KOM или се користат со изрично одобрение на носителот на авторските права и на носителите на трговските марки и/или дизајни. Било какво копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабинско поврзување или на друг начин менување на овие интернетски страници без изрично писмено одобрение од друштвото СРЕЌА KOM строго е забрането! Било какво кршење на овие услови, кое може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на било кој друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до покренување на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот. Овие интернет страници содржат материјали заштитени со авторско право, трговска марка, дизајн и други информации кои се покриени со други права на физички и правни лица, вклучувајќи, но неограничувајќи се на текстови, софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук, како и целокупната содржина на интернет страниците на www.srekja.mk, а во согласност со прописите на Република Македонија. СРЕЌА е носител на авторските права во врска со изборот, координацијата, поставувањето и унапредувањето на таквата содржина, како и на правата во врска со оригиналната содржина.

Крајниот корисник не смее да: менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, преработува или адаптира или на било кој начин да користи било која содржина, во целост или делумно. Крајниот корисник може да ги превзема, печати и подготвува материјалите заштитени со авторско право само со цел за своја сопствена употреба. Не е дозволено копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијално искористување на превземениот материјал без изрично писмено одобрение на друштвото СРЕЌА KOM и носителот на авторското право.

Крајниот корисник нема на овие интернет страници да поставува, објавува или на друг начин да прави достапен било каков материјал кој подлежи на авторско право, трговска марка или други права на интелектуална сопственост, без изрично одобрение на носителите на тие права. СРЕЌА нема никаква обврска да го известува Крајниот корисник или да му помага во одредувањето на тоа дали некој материјал подлежи на авторско право. Крајниот корисник е едиснтвено и исклучиво одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост или било какви проблеми настанати во врска со објавувањето на таков материјал. Со поставувањето на материјал на било кој, јавно достапен дел, на овие интернет страници, Крајниот корисник гарантира дека носителот на правата на тие материјали изрично му дава на друштвото СРЕЌА KOM бесплатно, временски неограничено, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродукција, модифицирање, прилагодување, објавување, преведување и дистрибуција на таквиот материјал (делумно или во целост) на подрачјето на целиот свет. Крајниот корисник исто така им дава на другите крајни корисници право на пристап, прегледување, подготовка или репродукција на тој материјал за нивна сопствена употреба. Со тоа Крајниот корисник му дава право на друштвото СРЕЌА KOM да го менува, копира, објавува и дистрибуира било кој материјал, кој Крајниот корисник ќе го направи достапен на овие интернет страници.

7.  Изјава за гаранција и ограничување на одговорноста

Крајниот корисник изрично се согласува дека користењето на овие интернет страници е исклучиво на одговорност на крајниот корисник. Ниту СРЕЌА, нејзините подружници, како ниту еден од нивните вработени, агенти, трети даватели на услуги или лиценцирани друштва не гарантираат дека користењето на овие интернет страници нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки; ниту гарантираат за (1) последиците кои можат да настанат со користењето на овие интернет страници или (2) за точноста, сигурноста или содржината на било која информација, услуга или стока дадена преку овие интернет страници.

Оваа изјава за одговорност се однесува на сите штети или можни повреди причинети со било какви лоши особини, грешка, исклучок, прекин, бришење, дефект, каснење со работата или преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациска линија, кражба, уништување или неовластен пристап, промена или злоупотреба на записите, раскинување на договор, несоодветно однесување, небрежност или со било кое друго дејство. Крајниот корисник изрично потврдува дека друштвото СРЕЌА KOM не е одговорно за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата која може да настане како последица на наведеното во потполност лежи на крајниот корисник.

Во ниту еден случај друштвото СРЕЌА KOM или друго физичко или правно лице вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на овие интернет страници или со нив поврзана содржина, како и било кој софтвер, нема да бидат одговорни за било каква штета која може да настане како последица од користењето или заради неможност за користење на овие интернет страници. Крајниот корисник изрично потврдува дека условите од ова поглавје се однесуваат на целокупната содржина на овие интернет страници. Со претходно наведените услови, ниту друштвото СРЕЌА KOM, ниту неговите подружници, даватели на информации или партнери кои ја уредуваат содржината, нема да бидат одговорни, без оглед на причината или траењето, за било која грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност, на информациите кои се наоѓаат на овие интернет страници, како и за било какво доцнење или прекин во преносот на информациите до крајниот корисник, за било какво побарување или загуба кои произлегуваат од тоа. Ниту една од горенаведените страни нема да биде одговорна за било какви побарувања или загуби на трети лица, вклучувајќи и изгубена заработка.

Друштвото СРЕЌА KOM не е одговорна за било каква содржина која корисникот, претплатникот или неовластениот корисник може да ја постави на овие интернет страници. Било каква содржина која е поставена, а која е или може да се смета за несоодветна може во секој момент да биде отстранета од страна на друштвото СРЕЌА KOM. Лапај го задржува правото на измена, прилагодување, бришење или отстранување на било која содржина за која ќе оцени дека е несоодветна.

8.  Надзор

СРЕЌА има право, но не и обврска, во секој момент да врши надзор над содржината на овие интернет страници, вклучувајќи и било која chat соба и форум кои би можеле да бидат содржани како дел на овие интернет страници, а со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на било кои други правила пропишани од страна на друштвото СРЕЌА KOM, како и усогласеност со било кој соодветен закон, пропис или друг акт. Без ограничивање од претходно наведените ставки, Лапај го задржува правото на отстранување на било кој материјал, за кој според сопствената дискрециона оценка ќе најде дека не е во согласност со тука поставените правила или за кој ќе најде дека е дискутабилен на друг начин.

9. Приватност

Крајниот корисник потврдува дека сите дискусии, оцени, коментари, приватни пораки, chat соби и/или други начини на праќање на пораки или меѓусебно комуницирање (во понатамошниот текст – Заедници) се од јавна, а не од приватна природа, и според тоа членовите на СРЕЌА можат да вршат надзор над комуникациите на Крајниот корисник без нивно знаење и експлицитна дозвола. Со оглед на тоа дека СРЕЌА не ја контролира или авторизира содржината, пораките или информациите кои можат да се најдат во било која од ЗаедницитеСРЕЌА специфично негира било каква одговорност во врска со Заедниците и за било какви дејствија кои се последица на учеството на Крајниот корисник во било која од Заедниците, вклучувајќи ја одговорноста за можни спорни содржини. Било каква комуникација, која Крајниот корисник ќе ја објави на системот СРЕЌА (било да се работи за chat соба, група за дискусија, форум или слично) се смета дека не е доверлива.

Доколку определени web страници дозволуваат објавување на комуникации кои СРЕЌА ги третира како доверливи, тој факт ќе биде наведен на тие страници. Со објавувањето на коментарите, пораките или други информации на оваа интернет страница, Крајниот корисник му дава на друштвото СРЕЌА KOM право на користење на тие коментари, пораки или други информации со цел за промоции, огласувања, истражување на пазарот или за било која друга правно дозволена намена. За повеќе информации погледнете ја Изјавата за доверливост на податоците на друштвото СРЕЌА KOM и страниците www.srekja.mk.

10.  Лиценцирање

Со објавување на или преку овие интернет страници, Крајниот корисник на друштвото СРЕЌА KOM му дава бесплатна и правно важечка, неповратна и не-ексклузивна лиценца за користење, репродукција, менување, објавување, прилагодување, преведување, дистрибуција, спроведување и прикажување на таа комуникација, сама или како дел на поголема целина, во било кој облик, на било кој медиум или преку било која технологија, позната или подоцна развиена, како и делење на таквите права со повеќекратни делители на таа лиценца.

11.  Надомест на штета

Крајниот корисник се согласува дека ќе го обештети и нема да го смета за одговорно друштвото СРЕЌА KOM, неговите подружници, нивните одговорни лица, вработени и агенти, за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи ги трошоците за правно застапување, а кои можат да настанат со користењето на овие интернет страници од страна на Крајниот корисник.

12.  Прекин на деловниот однос

СРЕЌА може да го раскине деловниот однос со било кој свој Краен корисник во било кое време. Лапај го задржува правото моментално да укине било која лозинка или кориснички профил на Крајниот корисник во случај на било какво однесување на Крајниот корисник, кое друштвото СРЕЌА KOM според својата дискрециона оцена го смета како неприфатливо, како и во секој случај на непочитување на овие Услови од страна на Крајниот корисник. Во случај на укинување на лозинки или кориснички профили условите од Поглавјата 3, 5, 6, 7, 10, 11 и 12 нема да престанат да важат помеѓу Крајниот корисник и СРЕЌА KOM.

13.  Трговски марки

СРЕЌА однос на оваа трговска марка со тоа се изрично задржани. Доколку не е поинаку наведено, сите други трговски марки кои се појавуваат на системот на СРЕЌА се интелектуална сопственост на нивните носители.

14.  Содржина на трети лица

СРЕЌА е дистрибутер (а не издавач) на содржините кои ги прибавуваат третите лица и Крајните корисници. Според тоа, СРЕЌА нема поголема уредувачка контрола над тие содржини од онаа што ја имаат јавна библиотека, книжара или киоск. Било какви мислења, совети, изјави, услуги, понуди или други информации или содржини поставени од трети лица, вклучувајќи и јавни даватели на информации или било кои Крајни корисници, доаѓаат од соодветните автори или дистрибутери, а не од друштвото СРЕЌА KOM. Ниту СРЕЌА, ниту било кое трето лице давател на информации не гарантира за точноста, потполноста или корисноста на било која содржина, како ни за нивната можност за продажба или соодветност за било која определена намена. Во многу случаи, содржината која е достапна на овие интернет страници претставува мислење и оценка на соодветниот давател на информацијата, крајниот корисник или друг корисник кој не е во договорен однос со друштвото СРЕЌА KOM. СРЕЌА не ги авторизира тие информации и според тоа не може да биде одговорна за точноста и сигурноста на било кое мислење, совет или изјава која е објавена на СРЕЌА интернет страниците, од страна на било кој, кој не е овластен работник на СРЕЌА KOM или кој не делува по службена должност.

Под било какви услови СРЕЌА нема да биде одговорен за било каква загуба или штета настаната со тоа што Крајниот корисник се потпрел на информација добиена преку системот на СРЕЌА. На Крајниот корисник паѓа целата одговорност да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, став, совет или друга содржина која е достапна преку системот на СРЕЌА. СРЕЌА содржи линкови на web страните на трети лица кои ги одржуваат други даватели на содржини. Овие линкови се поставени само поради практични причини, а не како потврда од страна на друштвото СРЕЌА KOM за содржината на страниците на трети лица и со тоа Лапај изрично негира било каква поврзаност со содржината или точноста на материјалот на интернет страниците на трети лица. Доколку крајниот корисник одлучи да пристапи на web страниците на трети лица, тој тоа го прави на сопствена одговорност. Доколку немате потпишано договор со друштвото СРЕЌА KOM, кој изричноВ дозволува да го сторите тоа, не смеете да поставите линкови на СРЕЌА интернет страниците од било која друга интернет страница. СРЕЌА го задржува правото да ја повлече својата дозвола за поставување на било кој линк во било кое време, а според сопствената дискрециона оценка.

15.  Разно

Насловите на Поглавјата користени во овие Услови за користење служат само заради полесна ориентација и на било кој начин не влијаат на толкувањето на содржината која се наоѓа во нив. Доколку надлежниот суд пронајде дека било која одредба од овие Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на било која друга одредба од овие Услови, и преостанатите делови на овие Услови ќе останат на сила. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овие Услови, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како ни на било кои други тука наведени права.

Седиштето на друштвото СРЕЌА KOM е во Куманово, Република Македонија. Правните спорови кои можат да настанат како последица на користењето на овие интернет страници (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на судот во Скопје и се решаваат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија. Со користењето на овие интернет страници Крајниот корисник е согласен дека било кој спор или барање кое ќе произлезе или е во врска со овие Услови или во врска со нивното спроведување, е во надлежност на судот во Скопје.