Интернет плаќање

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Со цел да обезбедиме квалитетни, доверливи, но пред се безбедни процедури за on-line купување, во функција на задоволување на потребите во тековното работење на корисниците на cPay Payment Portal-от, развивме решение за кое сметаме дека во целост одговара на Вашите барања. За да се добие јасна претстава за текот на една on-line трансакција ќе ги наведеме сите чекори.

Трансакцијата започнува на web страната на трговецот. Купувачот избира од понудените продукти или услуги и ги додава во потрошувачката кошничка. Со помош на кодот за пренасочување се пренесуваат следните податоци: вкупната вредност на потрошувачката кошничка (без децимални сепаратори), валута на плаќање (на cPay Payment Portal-от плаќањето е во денари), детали на плаќањето1 (овој податок го пополнува трговецот или купувачот), детали за плаќањето 2 (претставува единствен идентификатор на пораката во системот на трговецот), име на трговецот и број за идентификација на трговецот, url на кој трговецот ќе добива повратна информација за успешноста на трансакцијата.

Со кодот за пренасочување освен овие податоци, опционално може да се пренасочат и следните податоци за купувачот: име, презиме, адреса, поштенски број, земја, телефонски број и e-mail адреса. Ова значи, доколку на страната на трговецот постои регистрација на купувачот, податоците за купувачот може да се пренасочат на страната на cPay и истите можат да бидат употребени за регистрација на купувачот на cPay. Со цел зголемување на безбедноста при on- line купувањето, потребно е од трговецот да имаме информација за тоа каде се хостира неговиот web site, сите адреси со кои може да се најави web site-от, дали се користи firewall.

Со одлука на купувачот да плати и притискање на копчето, купувачот се пренасочува на web site-от на cPay Payment Portal-от и има можност да избере една од трите понудени опции; ако е веќе регистриран корисник, со внесување на неговото корисничко име и лозинка, може да продолжи со плаќањето; доколку не е регистриран корисник, а сака да се регистрира, неговите податоци кои се пренасочуваат од страната на трговецот може да се искористат за регистрација (доколку купувачот сака тие податоци може да ги смени); и купувачот може да избере опција да плати без да се регистрира на cPay.

Регистрирањето на купувачите на cPay е со цел зголемување на безбедноста при on-line купувањето. Со регистрирање на cPay купувачот добива повеќе поволности: во секое време ќе има увид на сите трансакции направени преку cPay, плаќање на сметки и давачки кон државата, надополнување на pre-paid сметки на мобилни телефони, листа на трговци кои овозможуваат плаќање преку cPay ( link-ови до нивните страни), а исто така и купувачот во секое време може да ја дознае состојбата на сметката на неговата платежна картичка (за иматели на картички од Банките во мрежата на CaSys)

При секоја трансакција се внесуваат податоците од платежната картичка. Автентикацијата на имателот на картичката се прави со помош на CVV2/CVC2 автентикацијата и доколку картичката е вклучена во 3D безбедносниот модел се прави 3D безбедносна автентикација. По извршување на плаќањето, купувачот се пренасочува повторно на site-от на трговецот и добива информација за успешноста на финансиската трансакција.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.