Информации за испорака

Оваа Политика за испорака се однесува на испорака на производи нарачани односно купени преку Среќа Мк.

Среќа Мк има склучено договор за соработка со повеке фирми за дистрибуција на пратки и пошта. Нарачаните производи ќе Ви бидат доставени со испратница, a електронската фактура за извршеното плаќање ќе ја имате веќе добиено по електронска пошта. Купените производи ќе Ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака Трошоците за испорака се пресметуваат според одбраниот начин на плаќање, и во зависност од моментални акции или промоции на Среќа Мк. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака кој сте го избрале.

Кога ќе го внесете производот во кошница имате да изберете:

1. Сам ќе си ја подигнам нарачката

isporaka1

– (оваа опција е бесплатна и важи само за во Скопје, во рок од 48 часа не земајки го во предвид денот кога е извршена нарачката), нарачката можете да си ја подигнете на новата Железничка станица во Скопје. Потребно е претходно да се јавите да видите дали Вашиот производ е спремен за да можете да си го подигнете, за подетални информации јавете ни се на +389 75 437 145 и +389 75 228 777

2. Низ Македонија(до врата) 100ден

isporaka2

– (овој начин на испорака е 100 денари, во рок од 48 часа не земајки го во предвид денот кога е извршена нарачката)

Ова важи за следниве општини: Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип, Кочани, Виница, Куманово, Свети Николе, Дебар, Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово, Дојран, Богданци)

Производите ќе Ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Доколку нарачката е за некоја друга општина што ја нема во погоре наведените потребно е да ни се јавите.

Други информации околу испораката

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштететни. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Среќа Мк не одговара доколку дојде до задоцнување на испорака на нарачката доколку сте одбрале производ по нарачка кој треба да се печати и слично.

Сите пратки се осигурани од губење и оштетување при испорака до секоја адреса.

При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата и да задржи еден од примероците за себе како потврда за превземањето.

Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за испорака.

Оваа Политика за испорака стапува на сила од Јуни 2014 година.