Често Поставувани Прашања

Со текот на работењето тимот на www.srekja.mk(proizvodi.srekja.mk) наиде на неколку најчесто поставувани прашања од своите корисници. Со цел да им излеземе во пресрет на нашите корисници, најчесто поставуваните прашања ги собравме на едно место и тука ги објавуваме заедно со нивните одговори. Прашањата и одговорите ги поделивме во неколку категории како: нарачување, плаќање, испорака и рекламации и затоа, доколку имате некакви прашања, нивните одговори може да ги најдете во ова мени.

Нарачување

П: Како најлесно да направам нарачка?

О: Најлесен начин да направите нарачка е да кликнете на производот кој сакате да го купите и кога ќе ви се појави неговиот детален опис, да го ставите во вашата кошничка со кликнување на копчето “Во кошничка”. Потоа, откако ќе влезете во вашата кошничка, системот ќе ве води чекор по чекор до успешно комплетирање на нарачката.

П: Како да знам дека нарачката е успешно направена?

О: Во моментот кога успешно ќе ја завршите процедурата за правење на нарачка, на вашата е-маил адреса која сте ја оставиле при правењето на нарачката, ќе пристигне автоматска потврда од нашиот систем дека нарачката е успешно направена и примена.

П: Дали морам да се регистрирам т.е. да креирам сметка за да направам нарачка?

О: Да, мора да се регистрирате за да направите нарачка, регистрацијата е потребна само првиот пат кога ќе купувате производ, потоа следен пат кога ќе правите нарачка потребно е само да се најавите, преку вашата е-маил адреса која сте ја оставиле при регистрација или преку вашиот Фејсбук профил, доколку сте одбрале таква опција.

П: Дали може да направам нарачка преку телефон?

О: Не, системот функционира на принцип на он-лајн регистрирање на направените нарачки со сите потребни детали за нивно доставување, од тие причини нарачките може да се направат единствено преку модулот за нарачки на интернет продавницата. Преку телефон (075 437 145) можете да добиете само информации доколку ви се потребни за одреден производ.

П: До кога најдоцна може да нарачам производ за да ми биде доставен истиот ден?

О: Доколку станува збор за испорака на производ во Скопје, нарачката може да ја направите најдоцна до 16:00 часот за истата да ви биде испорачана истиот ден т.е. најдоцна до 21:00 часот, но ова важи само за готови производи. Доколку сакате да нарачате некој производ кој е потребно да се печати, потребно е да не контактирате преку е-маил или на телефонскиот број 075/437-145. Испораката на производите во другите градови трае од 2-3 работни денови не земајќи го во предвид денот на правењето на нарачката.

П: Дали може да нарачам производ за друго лице?

О: Секако. Во таков случај кога ќе ја правите нарачката треба да ги наведете податоците за лицето на кое треба да се изврши испораката и истото ќе ја прими.

П: За колку време ќе добиете информација дека е направена нарачката?

О: По успешно правење на нарачка, системот автоматски генерира известување за истата и таа веднаш започнува да се процесира.

П: Направив нарачка меѓутоа не добив никакво известување на мојот е-маил. Во што е проблемот?

О: Во ваква ситуација, можно е да има неколку проблеми како невалидна или погрешно внесена е-маил адреса, неуспешно целосно правење на нарачката и слично. При ваков случај, обидете се повторно да ја направите нарачката до самиот крај и доколку повторно не добиете известување за успешно направена нарачка на е-маил адресата која ја оставате при правење на нарачката, ве молиме контактирајте не на proizvodi@srekja.mk или по телефон на 075/437-145 со цел што побрзо да ви излеземе во пресрет успешно да ја направите вашата нарачка.

П: Дали податоците кои ќе ги оставам на интернет страната се безбедни?

О: Интернет продавницата srekja.mk(proizvodi.srekja.mk), во согласност со прописите за заштита на личните податоци, обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната или ги оставаат своите податоци при правење на нарачката и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица во било каков облик. Со цел соодветна заштита на личните податоци на своите корисници, gizmo.mk има своја Политика за приватност која утврдува како се третираат податоците на корисниците. Политиката за приватност во целост може да ја прочитате тука: proizvodi.srekja.mk/zastita-na-licni-podatoci/


Плаќање

П: Дали мора да платам со картичка?

О: Не, кога ќе ја правите нарачката ќе ви бидат понудени опции за плаќање: плаќање со платежна картичка, плаќање преку банкарски трансфер или преку уплатница, при што може да го одберете начинот на плаќање кој најмногу ви одговара.

П: Дали плаќањето со картичка е безбедно?

О: Секако. Во моментот кога ќе ја одберете опцијата за плаќање со платежна картичка (дебитна/кредитна), нашата интернет страница ќе ве пренасочи на заштитената интернет страница за плаќање со платежни картички на Casys, за што srekja.mk(proizvodi.srekja.mk) има склучен договор со Уни Банка, на која треба да ги внесете податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето со што srekja.mk(proizvodi.srekja.mk) не располага со истите.

П: Доколку плаќам преку банкарски трансфер (вирмански), кога може да очекувам производот да ми го испорачате?

О: Во случај на плаќање преку банкарски трансфер период во кој ќе го добиеме известувањето од банката за извршеното плаќање може да биде подолг (1-2 работни денови), затоа ги замолуваме нашите корисници доколку се во можност да ни испратат на е-маил скенирана копија од уплатницата со цел процедурата за испорака на производите да не се одолговлекува.


Испорака

П: За колку време ќе го добијам нарачаниот производ?

О: Доколку станува збор за Скопје, и доколку сакате истиот ден да ви бид доставена, во тој случај нарачката може да ја направите најдоцна до 16:00 часот за истата да ви биде испорачана истиот ден т.е. најдоцна до 21:00 часот. Но ова важи само за готови производи и потребно е претходно да не контактирате. Исто така доколку сакате да нарачате некој производ кој е потребно да се печати, потребно е да не контактирате преку е-маил или на телефонскиот број 075/437-145. Испораката на производите во другите градови трае од 2-3 работни денови не земајќи го во предвид денот на правењето на нарачката.

П: Кога ја правев нарачката оставив една адреса за испорака, меѓутоа поради сплет на околности нема да можам да бидам таму и да го примам производот. Дали може да дадам друга адреса на која ќе може да се изврши испораката?

О: Секако. Доколку станува збор за испорака во Скопје, во таков случај ве замолуваме да не контактирате на е-маил на proizvodi@srekja.mk или на телефон на 075/437-145 со цел производот да ви го испорачаме на адреса на која ќе може да го примите. Доколку станува збор за испорака во друг град, местото и времето на испораката ќе може да го договорите со курирот од службата за достава кој ќе ве контактира за истата.

П: Дали производот може сам/а да си го земам од кај вас?

О: Да, тоа може да го направите на Новата железничка станица во Скопје или од канцеларијата на нашата онлајн продавница(К. Вода, Сивус) каде се пакуваат и испорачуваат до крајните корисници. Потребно е претходно да не контактирате преку е-маил на proizvodi@srekja.mk или на телефон на 075/437-145 за да проверите дали вашиот производ е спремен за подигнување.

П: До колку часот најдоцна вршите испорака на производите?

О: Испораката на производите во Скопје се врши најдоцна до 18:00 часот во текот на работниот ден. Испораката на производите во другите градови се врши во рамки на работното време на службата за достава на пратките.

П: Дали мора да платам за испораката?

О: Не, доколку вредноста на нарачаните производи изнесува над 1500 денари, добивате бесплатна испорака низ целата држава. Во спротивно, за испораката се наплатува фиксен износ од 100 денари за целата територија на државата.

П: Доколку направам нарачка во недела или празничен ден, кога може да очекувам да ми го испорачате производот?

О: Нарачките направени во недела ги испорачуваме во понеделник, доколку станува збор за испорака во Скопје, а испораката во останатите градови се врши во рок од 2-3 дена не земајќи го во предвид денот на правењето на нарачката. Доколку нарачката биде направена на празничен ден, испораката во Скопје ќе се изврши во текот на првиот следен работен ден, а во останатите градови, процесирањето на испораката започнува на првиот следен работен ден и истата ќе се изврши во рок од 2-3 дена од првиот следен работен ден.


Рекламации

П: Што ако производот што го нарачав не одговара на описот?

О: srekja.mk(proizvodi.srekja.mk) се труди описот на производите кои ги продава на својата интернет страница да биде што е можно подетален, со цел нашите корисници полесно да ги дознаат сите нивни карактеристики. Сепак, доколку сметате дека одреден производ не одговара на неговиот опис, истиот може да ни го вратите во рок од најмногу 7 дена од неговиот прием, заедно со добиената фактура/сметка за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или во договор со вас, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност или ќе ви додадеме на корисничката сметка соодветен број на наградни поени.

П: Која е процедурата за враќање на оштетен производ?

О: Доколку од било која причина производот што сте го добиле е оштетен, истиот може да ни го вратите во рок од најмногу 7 дена од неговиот прием, заедно со добиената фактура/сметка за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба – онаков како што сте го добиле, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или во договор со вас, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност или ќе ви додадеме на корисничката сметка соодветен број на наградни поени.


Не го најдовте одговорот на вашето прашање? Слободно контактирајте не на е-маил на proizvodi@srekja.mk или на телефон на 075/437-145 за да ви ги одговориме сите неодговорени прашања.

Со почит, Тимот на Среќа