Безбедност

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Со цел да се обезбедат квалитетни, доверливи, но пред се безбедносни процедури за онлајн купување, банките и процесинг центарот, мора да ги задоволат поставените барање и услови од страна на Меѓународните картични организации. Со цел да се обезбеди максимална сигурност на трансакциите, банката која што ја нуди услугата електронска трговија има имплементирано заштитен механизам кој овозможува 100% сигурност и заштита т.е 3D безбедносниот модел.

Енормна предност на 3D безбедносниот модел е тоа што подржува различни технологии и уреди за Интернет пристап – персонални компјутери, безжични уреди како што се мобилните телефони, PDA уреди и сл. 3D безбедносниот модел може да работи со различни технологии за автентикација, вклучувајќи ги и лозинките, дигиталните потписи и чип картичките.

Освен имплементацијата на 3D безбедносниот модел, имплементирани се и други безбедносни мерки, како 128bit и SSL кои се потребни во комуникацијата помеѓу купувачот и процесинг центарот.

Функцијата на овие дополнителни безбедносни мерки се огледа во пренасочувањето на купувачот од страна на трговецот кон Payment Portalot-ot да се прави во криптирана 128bit и SSL конекција. SSL е протокол за сигурно праќање на пораки (комуникација) преку Интернет кој овозможува праќање на доверливи податоци прку Интернет во криптиран и сигурен мод. SSL комуникацијата овозможува проверка на веродостојноста на праќачот на пораката и кодираната порака.

Сепак во врска со безбедноста и заштитата за клиентот, треба да се потенцира дека во моментот на плаќањето купувачот се пренасочува кон заштитена веб страна на платежниот портал и на таа страна се внесуваат потребните податоци за платежната картичка, со што реално, веб страната на која купува корисникот, нема допирни точки со картичката односно со бројот на картичка, cvv кодот, сопственик, дата на важење на картичката и сл.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.